(Видео) Талевски: Со средства на Владата, рехабилитиран патниот правец Ново Лагово - Бучин

(Видео) Талевски: Со средства на Владата, рехабилитиран патниот правец Ново Лагово – Бучин

Изјава на Миле Талевски, пратеник на СДСМ во Собранието на РСМ

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачески продолжува со инвестиции во патната инфраструктура во сите делови од прилепскиот регион.

Пред десетина дена заврши реконструкцијата на делот од патниот правец Ново Лагово – Бучин, којшто беше во катастрофална состојба, со големи оштетувања и ударни дупки.

Со нов слој на асфалт, рехабилитирани се 5.5 километри од овој регионален пат, инвестиција во вредност од околу половина милион евра.

Дека Прилеп е исклучително важен за Владата на СДСМ, потврдува и реконструкцијата на 15 километри од патот за Мариово, за кои се издвоени 1,2 милиони евра.

Преку овие значајни инвестиции во патната мрежа, и тоа во време на светска економска и енергетска криза, успешно ја движиме економијата напред и драстично го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните.

Дури и во вакви вонредни услови, си стоиме на дадениот збор.

Почитувани граѓани,

Додека СДСМ посветено работи за доброто на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски работат за сопствените бизнис интереси.

Тендерот од 136 милиони евра во Град Скопје, каде беа директно фатени со рацете во медот, е доказ дека за функционерите на ДПМНЕ лукративните и криминални интереси се над интересите на граѓаните и државата.

Во Прилеп, на чело со веќе докажано најлошиот градоначалник во историјата на градот, имаме зголемување на цените на сите комунални услуги и директно удирање по џебот на граѓаните, за сметка на новите партиски вработувања во општината.

После едногодишното владеење на Борче Јовчески, во Прилеп нема ниту еден новореализиран проект, а разликата помеѓу чесниот пристап на СДСМ и криминалното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, е кристално јасна.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …