Талевски: ВМРО-ДПМНЕ блокира се' што е во интерес на граѓаните

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ блокира се’ што е во интерес на граѓаните

Одговор на новинарско прашање на пратеникот на СДСМ, Миле Талевски:

Прашање: Зошто се инсистира на циркузантна вечер, носење на Законот за спорот меѓу Владата и Макпетрол, упатените во оваа проблематика коментираат дека власта на овој начин се обидува на мала врата да го протне законот?

Талевски: Не се брза со ништо. Во конкретниов случај, станува збор за редовна постапка, која што ние како пратеници имаме обврска да ја реализираме.

Очигледно, деструктивното однесување на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во секој поглед со нивното функционирање во Собранието. Тоа го покажаа и со самиот факт што претходно на ребалансот, а сега и на буџетот, имаше сериозни ситуации во кои што ВМРО-ДПМНЕ ја доведе во прашање иднината на граѓаните.

Гледате дека во секој поглед, без разлика за и каков да е закон, тие одат на варијанта да го блокираат законот. Го блокираат Законот за внатрешни работи со над 500 амандмани, ги блокираат сите оние реформски закони кои што се во правец на подобрување на животот и стандардот на граѓаните.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …