Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски во емисијата „Патот кон..“ на телевизија Алсат, истакна дека пресудата во предметот „Талир 2“ е потврда на криминалот којшто го правел ВМРО-ДПМНЕ и на каков нелегален начин се стекнале со толкав имот на грбот на граѓаните.
- Тоа се пари украдени од граѓаните што ги краделе за стекнување на личен и на партиски имот, што се гледа со конфискацијата на луксузниот дворец, оној од којшто се креираат лажните вести, лажната слика за нашата држава, рече Талевски.
Тој нагласи дека нема никаков изговор за ВМРО-ДПМНЕ за криминалот за стекнување на имотот за забеганоста за купувањето на луксузен мебел, килим од 20.000 евра, лустери од 20.000.
- Да бидеме реални, тоа се пари на граѓаните, пресудата судот ја носи во името на граѓаните и парите треба да се вратат на граѓаните, со продажба или пренамена на запленетиот имот, истакна Талевски.
Тој нагласи дека ова е потврда на она што сите го знаат и што го покажуваат сите европски извештаи, дека ВМРО-ДПМНЕ е истата криминална партија заробена во матрицата на бегалецот Никола Груевски и дека оние коишто биле во времето на нелегалното стекнување имот, се практично истите лица што сега ја раководат ВМРО-ДПМНЕ.
- Не им се извинивте на граѓаните за криминалот на Никола Груевски, да кажете дека се дистанцирате од него, туку продолживте да уживате во Белата палата, да газите по тепихот и да се одушевувате на вазната од 180.000 и од таму одите во Собранието и кочите закони важни за граѓаните, порача Талевски, додавајќи дека нема милиметар промена во практицирање на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ниту ќе има, затоа што нивниот духовен отец се уште ги контролира од Будимпешта.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ бега од јавноста со блокада на Собранието, за да го заштити Никола Груевски и неговите генерални секретари, а еден од нив е Христијан Мицкоски.
Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски нагласи дека правдата ја враќа довербата на граѓаните во судството.
- Се покажа дека никој не е недопирлив, сите се еднакви пред законот, секој што се огрешил мора да одговара, потенцираше Талевски, додавајќи дека е завршено времето на Маневски, судиите од тефтерче и сваровски судството.