Таравари денеска на средба со Ковачевски

Таравари денеска на средба со Ковачевски

В.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска напладне ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, соопптија од партијата.

Нема информации за темите на разговор меѓу Таравари и Ковачевски, ниту за поводот за средбата.

Сепак таа доаѓа во период кога во дел од медиумите изминатиот период кои сеповикуваа на партиски извори, се објавуваа информации за можен влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција. Сепак ваквите тврдења беа негирани од премиерот Ковачевски.

Претходно, на почетокот на месецов во Собрание Ковачевски свика лидерска средба, каде се сретна со сите лидери на партиите кои се дел од Парламентот, каде тема главна тема на разговор беа евроинтеграциите.

Прочитајте повеќе

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје. „На 14.03.2026 во 12:05 …