Тевдовски верува дека проектираниот економски раст од 3,2 отсто ќе се реализира

Тевдовски верува дека проектираниот економски раст од 3,2 отсто ќе се реализира

Министерот за финансии, Драган Тевдовски очекува дека проекцијата на Народна банка за раст на економијата од 3,2 отсто, годинава ќе се реализира

„Индустриското производство во првите три месеци од 2018 година забележа раст од 5,2 отсто, бројот на работници во индустријата во првите два месеца порасна за 6,1 отсто, извозот на стоки во првите два месеца забележа висок раст од 24 отсто. Системските политики се насочени кон отворање на нови и подобро платени работни места, поттикнување на инвестициите како домашни, така и странски, поттикнување на соработка помеѓу домашните и странските компании, прогрес во евроатланските интеграции“, рече Тевдовски во рамките на обраќањето на годишната конференција на Македонска берза.

Тој исто така најави нови закони на пазарот на капитал, а целта како што истакна е, нивно усогласување со ЕУ-регулативите.

На настанот, директорот на Македонска берза, Иван Штериев рече дека во првиот квартал од годинава Македонската берза бележи силен раст, што не било забележано од 2008 година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …