Ти нема да бидеш сама

„Ти нема да бидеш сама“ по премиерата на Sundance доби позитивни критики од светските филмски списанија

Деби долгометражниот филм на Горан Столевски, „Ти нема да бидеш сама“ (You Won’t Be Alone) премиерно беше прикажан на 22 јануари на најголемиот независен филмски фестивал во САД, Sundance Film Festival кој се одржа во Парк Сити во Јута.

По емитувањето беа објавени критики, оценки и осврти на филмски критичари и новинари кои го опишаа филмот како приказна со интригантен, длабок и невообичаен карактер.

„Ветеранот за кратки филмови, режисерот кој носи години на експерименти и искуства во неговото смело неконвенционално долгометражно деби, Столевски создаде лирска кинематографска фолклорна приказна. Јазикот и поставата на филмот се непознати, гледаме село на Балканот во 19 век каде луѓето зборуваат со речиси заборавен локален дијалект, но тука има јасна и логична наратива, иако можеби на првото гледање публиката нема да ја разбере содржината целосно. Филмот содржи богати елементи кои стануваат забележливи откако ќе се изгледа повеќе пати, во момент кога нашиот мозок ќе има време да ги поврзе точките на неговата богата и солжена митологија“ пишува Питер Дебруџ, главниот филмски критичар на светското списание за филм, Варајети.

Од „Гардијан“ во својот осврт пишуваат дека е филм каков не сме гледале никогаш претхдоно и каков што нема да гледаме некогаш повторно.

„Како режисер, тој е возбуден од спецификите на природата и човечката интеракција како негов протагонист што ги одбира љубопитните мали нешта и одеднаш прави да бидат многу поголеми, отварајќи го таквиот свет кон нас. Како сценарист тој е способен да создаде извонреден увид и емпатија, најефективно претставена во подоцнежната фаза на откривање на застрашувачката историја за волкојатката, жената уништена од машките очекувања и предрасуди. Неговиот филм си поигрува со фантазија од бајка и страшен хорор, но тој креирал нешто недефинирано, славно како нешто што никогаш претходно никогаш не сме виделе и нешто што веројатно никогаш нема да видиме повторно“, се вели во написот на британски „Гардијан“.

Њујоршкото списание за филм, музика и телевизиски преноси, „Консиквенс“ (Consequence.net) направи паралела на филмот со филмовите A Hidden Life (Terrance Malick), Under the Skin (Jonathan Glazer), The Veridict (Sideny Lumet) пишувајќи дека филмот е многу повеќе од извлечената инспирација и претставува разорувачки високо усогласено истражување на бруталноста на светот и нашиот копнеж за идентитет и конекција да нè заштити од каприциозноста на природата.

„Ова е еден од најинтригантните филмови досега годинава, и од таквите што сигурно ќе треба да се гледаат неколку пати за да се разберат големите филозофски поткрепи“, се вели во написот на „Консиквенс“.

По завршувањето на Sundance, на 30 јануари ќе бидат објавени добитниците на наградите од филмовите влезени во официјалната селекција на фестивалот.

Премиерно во кино, филмот на Столевски ќе игра на 1-ви април годинава.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …