Во тешка сообраќајна несреќа која синоќа околу полноќ се случи на влезот во Драчево, животот го загубија 5 лица. До несреќата дошло кога патничко возило „рено 5“ директно се судрило со камион за собирање на смет, при што загинале сите 5 лица кои се возеле во патничкото возило. Три лица починале на самото место, а две на скопските клиники.
Повеќе детали за несреќата од МВР најавуваат за денешниот ден.