слика дом тренчевска

Тренчевска: Домот за стари лица д-р Иван Влашки доби нова кујна, а во тек се и градежни активности на објект за нови 28 лица

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со градоначланикот на Општина Берово, Звонко Пекевски и директорката на Домот за стари лица д-р Иван Влашки, Живка Бојчовска денеска го најавија отворањето на новата кујна за потребите на домот.

„Како Влада и надлежно министерство во континуитет работиме на унапредување на квалитетот на живот на старите лица. Како особено значајна сакам да ја истакнам соработката со локалната заедница, затоа што секоја општина најдобро ги познава потребите на своите жители,“ истакна министерката Тренчевска.

Објектот е изграден со средства на Домот за стари лица и од општинскиот буџет, во вкупен износ од околу десет милиони денари и истиот ќе понуди нова услуга за корисниците.

„Сметаме дека преку обезбедување на сопствен оброк за корисниците, во Домот за стари лица, ќе се подобрат услугите во установата, корисниците ќе бидат уште повеќе задоволни, а воедно ќе се овозможат дополнителни работни места, а се надевам и дополнителни социјални услуги, во иднина, кои се разбира се во согласност со Законот за социјална заштита, “ истакна градоначалникот Пекевски.

Домот за стари лица во Берово е единствената установа од ваков тип во источниот регион и побарувачка за услугите од оваа установа е голема. Затоа, унапредувањето на услугите во установата, е од големо значење за населението од Берово и од целиот источен регион.

Директорката на Домот за стари лица, Бојчовска информираше дека, домот во моментов располага со 39 легла. Таа информираше дека во 2019 година, домот се проширил за 14 легла, во 2021 година за уште 10, а оваа година започна реконструкција на објект, ламела 4 која ќе обезбеди сместување за нови 28 лица.

Министерката Тренчевска во оваа прилика, информираше дека новата ламела 4 која е инвестиција на министерството за труд и социјална политика, е со вредност околу 11 милиони денари.

Тренчевска дополни дека, истовремено се работи заедно со општина Пробиштип и со општина Кавадарци на проектната документација за изградба на нови домови за стари лица.

Прочитајте повеќе

Македонските ученици речиси „неписмени“, покажа меѓународно тестирање по математика и природни науки

Македонските ученици речиси „неписмени“, покажа меѓународно тестирање по математика и природни науки

Од 58 држави, во математичка писменост, македонските ученици се на 44 место. Во природни науки …