Трет смртен случај во Прилеп и 10 новозаболени од коронавирусот
DCIM100MEDIADJI_0020.JPG

Трет смртен случај во Прилеп и 10 новозаболени од коронавирусот

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 14-ти април:

  1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина маж на 66 годишна возраст, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во општина Прилеп;
  2. Регистрирани се 10 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19, со што вкупниот број на инфицирани лица во општина Прилеп изнесува 85;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка;
  4. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се вкупно 15 лица. Од нив, 12 се позитивни на коронавирус, од кои две лица кои се со потешка клиничка слика и со кислородна поддршка. Тројца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати. Сите тројца се со средна клиничка слика;
  5. Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, заради што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …