Три месеци од несреќата кај Ласкарци: Обвинителството уште „ги утврдува фактите“

Три месеци од несреќата кај Ласкарци: Обвинителството уште „ги утврдува фактите“

Навршија три месеци од трагичната автобуска несреќа на компанијата „Дурмо турс“ кај село Ласкарци, а Основното јавно обвинителство (ОЈО) сè уште не поднело обвинение за истото, пишува „Порталб.мк“.

Основно јавно обвинителство соопшти дека шестмина осомничени се во домашен притвор, додека за еден е пропишана мерката надзор.

„Со одлука на Основниот суд Скопје 1, на шестмина осомничени за кривично дело – Тешки кривични дела против безбедност на лицата и имотот во сообраќајот, им е изречена мерка куќен притвор. Од нив, на тројца вработени во станицата за техничка контрола оваа мерка им е изречена веднаш по започнувањето на истражната постапка, додека на останатите тројца осомничени првично им беше изречена мерката притвор, а потоа истата е заменета со мерката домашен притвор. За лицето осомничено за кривичното дело – Несовесно извршување на работата, со судска одлука е изречена мерката надзор”, изјавија од ОЈО.

На прашањето за тоа, кога се очекува да биде поднесено обвинение, од ОЈО немаат конкретен одговор.

„Истражната постапка е во тек, а пак одговорните јавни обвинители преземаат активности и работат на обезбедување на потребните докази”, изјавија од ОЈО.

Покрај несреќата, на 13 февруари 2019 година, граѓаните се соочија и со говор, кој според познавачите на социјалните и правните прашања беше оценет како говор на омраза. Тоа е случајот со професорката Билјана Ванковска, при што за неа и за други лица, Министерството за внатрешни работи (МВР) достави информации до ОЈО за користење на говор на омраза. За ова, од ОЈО известија дека се уште работат на утврдување на фактите и индициите на МВР.

„Во однос на извештаите поднесени од страна на Министерството за внатрешни работи за укажување дека неколку лица, веднаш по несреќата користеле говор на омраза на социјалните мрежи и други медиуми, Основно јавно обвинителство работи на утврдување на фактите и тие индиции. Ако се докажат елементи на кривично дело, против лицата ќе се спроведе постапка”, рекоа од ОЈО.

Истрагата на ОЈО покажа дека причина за несреќата биле неисправните сопирачки и големата брзина од 99 километри на час.

Шест лица се обвинети за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на лицата и имотот во сообраќајот”, додека седмото лице е обвинето за “несвесно вршења на работата”, бидејќи потврдил дека тахометарот (уред за мерење брзината на автобусот) бил во ред, без претходна проверка.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …