Тринаесет загинати во ерупција на вулкан во Индонезија

Тринаесет загинати во ерупција на вулкан во Индонезија

Бројот на загинати од ерупцијата на вулканот Семеру во Индонезија се искачи на најмалку 13, соопшти државната агенција засправување со катастрофи. Ерупцијата што започна еден ден претходно на густо населениот остров Јава остави десетици лица повредени, главно од изгореници .

Жителите од околните села побегнаа од џиновскиот облак од пепел, кој се издигна 15.000 метри нагоре. Патиштата и мостовите се оштетени, а густата пепел што ја блокираше сончевата светлина ги попречува напорите за спасување и евакуација. Неколку села се оставени прекриени во пепел.

Официјалните лица поставија шатори за евакуација надвор од петте километри ограничена зона околу кратерот на Семеру. Семеру е еден од 120-те активни вулкани во Индонезија. Последен пат избувна во јануари, но не предизвика жртви.

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …