„Тројка за МЗТ“ – Аеродром ги кани сите заинтересирани на партија баскет во маало

„Тројка за МЗТ“ – Аеродром ги кани сите заинтересирани на партија баскет во маало

Скопската општина Аеродром ги повикува сите заинтересирани лица да се пријават за учество на турнир во баскет насловен  „Тројка за МЗТ“ на info@3x3macedonia.mk. Првиот маалски натпревар ќе се одигра на 3 јули во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.

„Тројка за МЗТ“ – Аеродром ги кани сите заинтересирани на партија баскет во маало

„Сите турнири ќе се одржуваат според правилата на ФИБА за игра 3 x 3 на реконструираните спортски игралишта на отворено на ниво на целата територија на Општината, каде што се поставени нови современи кошеви и современа ергономска подлога. Победниците покрај парични награди, ќе добијат и шанса да бидат дел од МЗТ (втора екипа)“, информираат од Општина Аеродром.

Проектот е во организација на „3×3 Macedonia“, заедно со Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Општина Аеродром.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …