Трпаноски и Антевски на 73 Конгрес на Европската Џудо Унија во Турција

Трпаноски и Антевски на 73 Конгрес на Европската Џудо Унија во Турција

Од петокот 3 декември до денеска, недела 5 декември, Европската Џудо Унија (ЕЏУ) во Истанбул, Турција, го организираше 73 Конгрес, на кој секоја национална федерација членка на ЕЏУ, имаше можност да биде претставена најмногу со двајца делегати.

На Конгресот, Џудо федерацијата на Северна Македонија ја претставуваа претседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски.

Трпаноски и Антевски на 73 Конгрес на Европската Џудо Унија во Турција

За време на трите денови, Трпаноски и Антевски остварија повеќе средби и договорија соработка со Џудо федерациите на соседните држави.

Исто така, првите луѓе на нашата Џудо федерација одржаа работни состаноци со неколкумина претседатели на комисии при ЕЏУ, на кои беше разговарано за унапредување на џудо спортот во нашата земја.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …