Целосно се реконструира патната мрежа во Источниот регион

Целосно се реконструира патната мрежа во Источниот регион

„Инвестираме преку 330 милиони евра во изградба и рехабилитација на патната мрежа во Источниот регион, рехабилитираме преку 30 регионални и магистрални патишта и градиме преку 90 километри експресни патишта“, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешниот увид во рехабилитација на обиколницата на Кочани.

Проектот за рехабилитација на обиколницата на Кочани е во вредност од 1,67 милиони евра, а се очекува да се заврши до крајот на месец октомври.

Во изјава за медиумите, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека градежните работи се одвиваат со силно темпо и речиси целата патна мрежа во Источниот регион е веќе рехабилитирана.

„Покрај рехабилитацијата на обиколницата на Кочани, како дел од Коридор 8 го завршивме автопатот Миладиновци-Штип, во завршна фаза е изградбата на експресниот пат Штип-Крупиште, а започнавме и со изградба на втората фаза од експресниот пат, делницата Крупиште-Кочани. Исто така го унапредивме пристапот кон граничните премини кон Бугарија. Регионалните патни правци во делот на Берово и Делчево се веќе рехабилитирани, а завршивме и со реконструкциите на патните правци кај Пробиштип и Злетово. Покрај рехабилитацијата на регионалниот пат Берово – Виница, значајно за развој на туризмот во овој регион е што го рехабилитиравме патот кон Пониква, така што, морам да нагласам дека имаме една силна активност и се залагаме за развој на овој регион, зашто сите знаеме колку долго беше заборавен“, изјави Сугарески.

Министерот Сугарески додаде дека заложбите за унапредување на патната инфраструктура ќе продолжат и во наредниот период, а Владата ќе остане посветена на создавање услови за економски развој и конкурентност на секој од регионите, поквалитетен живот на граѓаните, брз и безбеден транспорт и подобро регионално поврзување.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека обиколницата на Кочани е доста значајна за овој дел на државата, затоа што продолжува кон граничниот премин со Бугарија.

„Обиколницата со должина од 6 километри и ширина од 7 метри, ќе биде комплетно рехабилитирана до крајот на следниот месец. Со завршувањето на рехабилитацијата на патните правци во Малешевијата, слободно можам да кажам дека нема регионален пат во Источниот регион кој не е рехабилитиран. Продолжуваме и понатаму со унапредување на патната инфраструктура во државата. Дел од рехабилитациите завршуваат во текот на овој и следниот месец, а ЈП за државни патишта веќе отпочна со нови јавни повици, од кои 7 завршија изминатата недела, а во следниве десет дена ќе бидат објавени уште 8 нови тендери. Уште еднаш ќе истакнам, ова е прв пат да се рехабилитира 550 километри патна мрежа за само една година“, истакна Китанов.

Според градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев рехабилитацијата на обиколницата, покрај автопатот Миладиновци – Штип и експресниот пат кој се гради од Штип до Кочани, ќе придонесе за економски развој на регионот и за подобрување на животот на граѓаните.

Градоначалникот Илијев додаде и дека со реконструкцијата на патниот правец Кочани-Пониква се создале можности за развој на туризмот и истакна дека имаат најави за неколку сериозни инвестиции во изградба на хотели и угостителски објекти.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …