Ципрас: Мицотакис ќе го моли Мицкоски да не го отфрла договорот за името

Ципрас: Мицотакис ќе го моли Мицкоски да не го отфрла договорот за името

Поранешниот премиер на Грција, а сега лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, за време на расправата за новиот закон за азил во грчкиот Парламент, говорејќи за националните прашања, се осврна и на Договорот од Преспа, велејќи дека тие се горди на решението меѓу двете земји, а паралелно упати критики и до актуелниот претседател на грчката влада, Кирјакос Мицотакис во однос на договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас рече дека се горди што сега гледаат дека еден по еден пратениците од владејачката партија се обидуваат да го вразумат Мицотакис, да не размислува и да не ја посакува перспективата „да победат истомислениците националисти во соседната земја“.

– Затоа што тогаш, гледам, вашиот лидер ќе го моли лидерот на ВМРО да не случајно го отфрли договорот што го потпишавме – рече поранешниот грчки премиер.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …