Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, а сè уште не донесена пресуда за кривичното дело Уцена

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство.

Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин. Обвинетиот признал вина.

Маладеновска беше до смрт избодена пред нејзиниот дом. Медицинската екипа што беше повикана констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на самото место.

Истражување од Призма откри дека обвиненитот ја демнел и малтретирал Маладеновска, терајќи ја да носи посебен мобилен телефон со себе, „кој речиси цело време бил вклучен за да ја слуша“.

Во неколкуте часа во денот кога тој не ја прислушувал, Маладеновска успеала да го пријави во полиција изминатата година во јули. Го пријавила бидеќи ја уценувал дека ќе објави компромитирачки фотографии од неа доколку не извади кредит во негово име.

И покрај тортурата низ која поминувала Маладеновска, полицијата не направила проценка за ризик по нејзиниот живот. Неколку месеци подоцна, таа била убиена.

Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривичното дело Уцена, но обвинетиот не признал вина за уцената. Постапката е раздвоена и судската постапка ќе продолжи за тој дел од обвинението.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …