Ученици од „Исмаил Ќемали“ маршираа за загинатите соученици во автобуската несреќа

Околу 1000 ученици и наставници од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од скопската општина Чаир, денеска одржаа марш од школото до плоштадот Скендербег во Скопје и положија цвеќе за загинатите во вчерашната автобуска несреќа.

Од загинатите 46 луѓе, пет деца биле од ова школо, рекоа денеска наставниците кои дадоа изјави за медиумите.

Двајца ученици биле во деветто одделени, еден во осмо, еден во шесто и најмалата ученичка била во второ одделение, рече наставникот Метуш Мемети.

„Бевме кај фамилиите, многу беше емотивно, сите плачеа, дај боже да помине само со плачење“, рече наставникот Мемети.

Во вчерашната автобуска несреќа во Бугарија, загинаа 46 луѓе, од нив 12 деца, а седум патници се повредени.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …