Пендаровски претседателот

Учество на претседателот Пендаровски на Светскиот лидерски самит за климатски промени – COP26

Претседателот Стево Пендаровски, денеска и утре – 1 и 2 ноември 2021 година, понеделник и вторник, во Глазгов, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, ќе учествува на Светскиот лидерски самит во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26).

Претседателот Пендаровски ќе присуствува на отворањето на самитот и ќе се обрати на пленарната сесија на собирот, а ќе присуствува и на приемот што за лидерите учесници на самитот ќе го приреди премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.

Претседателот Пендаровски ќе присуствува на настанот со кој ќе се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, како и на лидерскиот настан „Акција и солидарност – критичната деценија“, во организација на премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.

За време на престојот, претседателот Пендаровски во Единбург ќе оствари средба со македонски студенти во Шкотска, стипендисти на Министерството за образование и наука и програмата Чивнинг.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …