врнежливо време

УХМР предупредува за појава на невреме и обилни врнежи денеска и утре

По подолготрајниот период со невообичаено топло време и без никакви врнежи, од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат на невреме кое денеска и утре ќе ја зафати Македонија.

Како што информираат од УХМР, попладнево, во вечерните часови и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Преку денот ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен југоисточен ветер. Невреме е можно и во делови од скопската котлина.

И во текот на утрешниот ден, на повеќе места се очекува нестабилно време со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа утре ќе бидат поројни, особено во западните и централните делови, локално во форма на невреме.

„Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните и централните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд“, се наведува во предупредувањето на УХМР.

Инаку, во Србија во некои региони за денеска е прогласен црвен метео аларм, кое означува многу опасно време. Хидрометеоролошкиот завод на Србија предупреди дека во делови од Банат, централна, источна и јужна Србија се очекуваат врнежи од 40 до 80 милиметри, локално и околу 100 милиметри дожд, што претставува месечно количество на врнежи.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …