УЈП со брошури им ги објаснува сите даночни новини на граѓаните

УЈП со брошури им ги објаснува сите даночни новини на граѓаните

Заради запознавање на граѓаните со оданочувањето на одделните видови на доход  согласно новините во Законот за данокот на личен доход кој се во примена од 1 јануари 2019 година, како и за полесна пресметка и пријавување на остварениот доход преку системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk Управата за јавни приходи подготви  брошури за да им ги објасни сите новини на граѓаните.

„Oданочување на доход од закуп и подзакуп (2019)“  ги упатува граѓаните во основните правила при пријавување на доходот кој граѓаните гo остваруваат од издавање во закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.

Брошурата „Оданочување на капитална добивка од продажба на недвижен имот (2019)“ информира за правилата при пријавување, утврдување и плаќање на данокот на доход кои граѓаните ги остваруваат од продажба на недвижен имот.

„Оданочување на приходи од продажба на сопствени земјоделски производи (2019)“ објаснува за пријавувањето, утврдувањето и плаќање на данокот на доход од продажба на сопствени земјоделски производи, како и дека остварениот доход од продажба на сопствени земјоделски производи подлежи на оданочување со данок на личен доход.

Брошурата „Оданочување на приходи остварени од вршење самостојна дејност во 2018 година (2019)“  ги посочува процедурите за регистрација, утврдување и плаќање на персоналниот данок на доход и изготвување на годишна сметка за остварените приходи од самостојна дејност. Во неа се објаснува како и каде да се регистрираат граѓаните кои остваруваат приходи од самостојна дејност, кои се нивните права и обврски, кога и на кој начин се обврзани да ги пресметуваат, пријавуваат и плаќаат соодветните даноци.

„Потврдување на годишна даночна пријава за остварени приходи во 2018 година (2019)“ упатува како да се регистрираат граѓаните на системот е-персонален данок заради потврдување или коригирање на пополнетата годишна даночна пријава изготвена од страна на Управата за јавни приходи за приходите остварени во текот на 2018 година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …