Мојддв

УЈП заврши со ажурирањето на апликацијата МојДДВ, достапна е и на Гугл плејстор

По повеќе од 20 дена откако започна ажурирањето на апликацијата МојДДВ, Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека прилагодената верзија на апликацијата од денеска е достапна и на Google playstore.

Корисниците на апликацијата треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“.

Управата за јавни приходи денеска исто така информираше и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.e-pdd.ujp.gov.mk.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Заменик- претседателот на Владата, Фатмир Битиќи на својата официјална фејсбук страница имаше реакција на едностраната …