Украина се пожали до ЕУ за злоупотреба од страна на Гаспром

Украина се пожали до ЕУ за злоупотреба од страна на Гаспром

Украина објави дека се пожалила до Европската комисија против Гаспром, обвинувајќи ја руската компанија за создавање „вештачки недостиг на гас“ во Европа, што доведе до историски скок на цените. „Активностите на Гаспром предизвикаа значителни негативни последици за европските потрошувачи“, наведе Јуриј Витренко, генерален директор на украинското јавно претпријатие Нафтогас. Според „Нафтогас“, руски „Гаспром“ нагло ја намали продажбата на гас на европскиот пазар и во исто време ги блокираше испораките на други руски транзити на гас од Централна Азија во Европа преку Русија, со што директно ги прекрши европските антимонополски прописи. „Тоа е клучната причина за кризата и за рекордниот скок на цените во Европа“, изјави Витренко, во време кога цената на гасот достигна нов рекорд.

Украинската гасна компанија верува дека Гаспром се обидува да „создаде вештачки недостиг на гас“ со цел да изврши притисок врз ЕУ да добие одобрение за брзо пуштање во употреба на нејзиниот спорен гасовод Северен тек два. Оваа година Русија ја заврши изградбата на тој гасовод долг 1.200 километри што треба да ја поврзе Русија со североисточна Германија, заобиколувајќи ја Украина. Сепак, добивањето лиценца за употреба од Берлин, што е една од последните фази од неговото пуштање во употреба, не се очекува пред средината на 2022 година. Новата германска влада неодамна ја предупреди Москва дека може да се нареди запирање на проектот во случај на нова руска воена ескалација во Украина.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

Картелот Синалоа се смета за една од најмоќните и најнасилните организации за трговија со дрога …