Во текот на изминатиот ден, одбранбените сили на Украина одвратиле 57 руски напади – на Лиман, Бахмут, Авдиивка и Маринка. Крај Бахмут успеале да соборат руски авион-бомбардер Су-24М, јавува украинската новинска агенција ukrinform.net повикувајќи се на утринскиот брифинг од Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Во текот на изминатото деноноќие непријателот извршил 18 авионски бомбардирања и три ракетни напада, како и 50 напади со повеќецевни ракетни лансери – врз воени и врз цивилни цели.
Руските агресорски сили се насочени во правците кон Лимах, Бахмут, Авдиивка и Мариинка, каде се успешно одбиени 57 нивни напади.
Во меѓувреме, во Белорусија продолжува обучната вежба на руските сили.
Руските загуби на жива сила – убиени и ранети војници – од почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година до утрово изнесува 172.340 луѓе, вклучувајќи 610 во изминатово деноноќие.
Истовремено, порасна и бројката на уништени оружја и воена техника – Украинците уништиле 3.609 тенка на руските сили, 6.966 оклопни борбени возила, 2.659 артилериски системи, 306 борбени авиони и 291 хеликоптери.
Во меѓувреме, пристигна и информација дека Канада на Украина ќе ѝ даде многу поволен заем од 2,4 милијарди канадски долари (1,9 милијарди американски долари).