Украинскиот премиер го најави самитот ЕУ-Украина во Киев на 3 февруари

Украинскиот премиер го најави самитот ЕУ-Украина во Киев на 3 февруари

Украинскиот премиер Денис Шмихал најави дека на 3 февруари во Киев ќе се одржи самит со Европската унија, кој ќе испрати „моќен сигнал“ до Москва и светот. Шмихал на состанокот на владата рече дека настанот ќе биде „исклучително важен“ за обидот на Киев да се приклучи на европскиот блок.

Киев го критикува хрватскиот претседател кој рече дека Крим никогаш нема да се врати во Украина

„Фактот дека овој самит ќе се одржи во Киев е моќен сигнал и за партнерите и за непријателите. Не беа дадени детали за тоа кој ќе присуствува на страната на Европската унија.

Во јуни минатата година Украина доби статус на кандидат за членство во ЕУ.

Земјите од Европската унија цврсто ја поддржуваат Украина по инвазијата на Москва. ЕУ спроведува серија економски санкции против Русија, а во исто време испраќа оружје и помош за Киев.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба претходно изјави дека десетина земји ветиле повеќе од 100 тенкови откако Германија и Вашингтон потпишаа за испорака минатата недела.

„Тоа се Леопард 2, Челинџер 2, М1 Абрамс“, додаде шефот на дипломатијата без да го прецизира рокот за испораките.

Одлуката за испорака на тенковите се толкува како чекор напред во поддршката на Западот за Украина во нејзината борба за враќање на територијата од руските сили.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …