Украина

Украинските сили одбиле повеќе од 30 руски напади

Украинските сили продолжуваат со дефанзивни операции на истокот и на југот на Украина, како и со офанзивни дејствија во секторите Мелитопол и Бахмут, при што полека го уништуваат непријателот и ослободуваат територии, утврдувајќи се на новите позиции, известува украинската агенција

Украинските одбранбени сили во последните 24 часа одбиле 30 напади од руските сили во шест сектори на фронтот, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Украинските сили продолжуваат со дефанзивни операции на истокот и на југот на Украина, како и со офанзивни дејствија во секторите Мелитопол и Бахмут, при што полека го уништуваат непријателот и ослободуваат територии, утврдувајќи се на новите позиции, известува украинската агенција.

Во текот на изминатиот ден се случиле 39 битки, при што руските сили извршиле еден ракетен, 63 воздушни напади и уште 47 напади со повеќецевни ракетни лансери. Притоа се нанесени големи штети на приватни куќи и друга цивилна инфраструктура.

Погодени биле објекти и инфраструктура во сите региони во источниот и јужниот дел на Украина, каде се водат борбите. Погодени биле повеќе од 120 население места.

Во текот на изминатите 24 часа, Военото воздухопловство на Украина извршило 10 напади на руски воени позиции, при што се нанесени штети на оружје, воена техника и команден центар.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Путин го потпиша законот со кој им овозможува на обвинетите за криминал да станат војници

Путин го потпиша законот со кој им овозможува на обвинетите за криминал да станат војници

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нов контроверзен закон со кој се суспендираат кривичните постапки против …