Улица во Берово го доби името на словенечкиот пожарникар Жан Кофол

Улица во Берово го доби името на словенечкиот пожарникар Жан Кофол

Советот на општина Берово едногласно ја усвои иницијативата за преименување на улица во Берово со името на словенечкиот пожарникар Жан Кофол. Тој беше еден од симболите на борбата против шумските пожари што ја зафатија Малешевијата изминатово лето.

Иницијативата за преименување на улица во Берово по словенечкиот пожарникар беше поднесена од беровскиот градоначалник Звонко Пекевски. По усвојувањето од беровските советници, постапката за именување на улицата понатаму ќе се врши согласно Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти.

„Иницијативата ја поднесов за постхумно одликување, по името на овој хуман херој, кој загина во сообраќајна несреќа, а кој даде свој придонес во гаснењето на пожарите кои беснееја во Малешевијата“, истакна беровскиот градоначалник Пекевски.

Инаку, словенечкиот пожарникар Жан Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близината на Нова Горица, на 28 септември, еден ден пред неговиот 20-ти роденден.

Извор:МЕТАИзвор:МЕТА

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …