Утрово два земјотреса меѓу Маврово и Кичево, биле почуствувани на Југозападот

Утрово два земјотреса меѓу Маврово и Кичево, биле почуствувани на Југозападот

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, денеска регистрирала два земјотреса, чии епицентри се наоѓаат 65 километри југозападно од Скопје.

Првиот бил во 8.14 часот, со локална Рихтерова магнитуда ML2.6 а вториот во 8.21 часот со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

И двата земјотреси што потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево биле почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.