На територијата на град Скопје вчера сообраќајните полицајци изрекле вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, три прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Изречени се и осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол.
На територијата на целата земја, пак, ноќеска во периодот од 21 до 3 часот на територијата на целата земја биле вршени акциски контроли за откривање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што санкционирани се 91 возачи.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачува МВР.