„Вараети“ го смести Горан Столевски меѓу најдобрите 10 режисери за 2022 година

„Вараети“ го смести Горан Столевски меѓу најдобрите 10 режисери за 2022 година

Списанието за филмска, музичка и театарска уметност, „Вараети“ ја објави својата листа на режисери кои не треба да ги пропуштиме во годината што следи. Меѓу десетината најдобро квалификувани беше и македонскиот режисер Горан Столевски за неговиот најнов филм „Нема да бидеш сама“.

„Уште еден неверојатен автор, едуциран во Австралија го поврзува фолклорот на родната Македонија во неговото надприрдотно долгометражно деби, „Нема да бидеш сама“ што ги истражува проблемите на родот и идентитетот на начини какви што публиката никогаш не видела претходно“, пишуваат од светското филмско списание.

Филмот кој ја раскажува приказната за девојче што ќе биде киднапирано и трансформирано во вештерка од страна на древен дух со голема моќ е во режија и сценарио на Столевски. Главната улога во филмот ја толкува Сара Климоска („Врба“, Милчо Манчевски), Наоми Рапејс („Девојката со змеј тетоважа“), Анамарија Марница („4 месеци, 3 недели и 2 дена“, BAFTA Winner). Филмот е во продукција на американската продукциска компанија Focus Features.

Премиерата на филмот ќе биде на 28 јануари 2022 година во кината во САД.

Горан живее во Австралија. Досега има снимено 24 кратки филмови, меѓу кои се и наградуваните „Види ја ти неа“ (‘Would you look at her’) и ‘You deserve everything’. „Види ја ти неа“ кој е во македонска продукција на Black Cat Production се здоби со 5 награди каде победи во категоријата најдобар интернационален краток филм на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2018 година. Вториот наградуван филм ја освои наградата ‘Rouben Mamoulian’ за најдобар режисер на „Сиднеј филм фестивал“ во 2016.

Горан има дипломирано мастер за филм и телевизија на Викторијанскиот Колеџ на уметностите на универзитетот во Мелбурн.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …