Членови на македонската репрезентација во џудо – ветерани, од вчера престојуваат на подготовки, односно тренинг камп во Шипово, Босна и Херцеговина. Петдневните подготовки ќе завршат на 28 август, со второто Меѓународно отворено првенство за ветерани.
Во составот на џудо репрезентацијата се наоѓаат тројца членови на ЏК „Сеишин“ од Прилеп: Киро Здравески, кој истовремено е и селектор на репрезентацијата, Сашо Димоски и Мартин Ристески. Покрај нив, на тренинг кампот се присутни и Никола Божиновски од ЏК „Ипон“ Скопје и Златко Кочевски од ЏК „Пелистер“ од Битола.
Целокупната организација на овој настан е на џудо клубот „Стеван Марковиќ“ од Шипово, во чиј тренинг центар се одржуваат подготовките.
Од ЏК „Сеишин“ очекуваат достојно претставување и успешен настап не само од своите членови, туку од комплетниот тим на македонските џудисти – ветерани.