Вицепремиерот Битиќи покровител на овогодинешниот МЕФ Енергетски форум 2023

Вицепремиерот Битиќи покровител на овогодинешниот МЕФ Енергетски форум 2023

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во својство на покровител, му посака успешна работа на МЕФ Енергетски форум 2023 година, на кој голем број на високи владини претставници од земјата и регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондации ќе дискутираат на темата „Подобрување на триаголникот Политики – Финансиска – Енергетска технологија за енергетска отпорност и зелена транзиција“.

Вицепремиерот Битиќи на свеченоста приредена за учесниците на МЕФ Енергетскиот форум 2023, искажа задоволство што Северна Македонија ќе биде место на кое ќе се води дијалог, разменуваат знаења и ќе се споделуваат иновативни пристапи, достигнувања, трендови и стратегии поврзани со енергетските предизвици пред кои сме исправени.

„Енергијата и економијата се длабоко поврзани. Едното не може да расте и да се развива без другото и затоа, изборите што ги правиме во енергетскиот сектор денес, ќе имаат големо влијание врз иднината на нашите економии и врз благосостојбата на идните генерации“, рече Битиќи.

Настанот кој е под покровителство на вицепремиерот Битиќи е во организација на ЗИП Институт, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија, и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Овој форум започна во 2018 година како иницијатива којашто требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции.

Прочитајте повеќе

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Седумнаесет припадници на затворската полиција се уапсени во голема полициска акција, информираат од Обвинителството за …