Вицепремиерот Димитров ќе учествува на денешната конференција посветена на „Отворен Балкан“

Вицепремиерот Димитров ќе учествува на денешната конференција посветена на „Отворен Балкан“

На покана на организаторите – Народното собрание на Република Србија, Српско-американскиот конгрес за пријателство и Источно-западниот мост, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе биде говорник на политичкиот панел во рамки на конференцијата „Отворен Балкан – Пат кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“.

На панелот ќе се афирмира политичкото значење на оваа иницијатива за регионот и од аспект на европската интеграција, а ќе се обратат и премиерката на Србија Ана Брнабиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, како и специјалниот претставник на САД за Западниот Балкан Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …