(Видео) Во Владата отворени понудите на трите јавни повици за избор на вршители на енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија

(Видео) Во Владата отворени понудите на трите јавни повици за избор на вршители на енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија

Согласно јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија и вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија, денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа јавно отворање на понудите.

Комисијата составена од претставници на владини институции го спроведе отворањето на понудите по јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија и беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за производство на топлинска енергија ЕСМ ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје.

По спроведеното отворањето на понудите по јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје.

На јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија од страна на Комисијата беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за снабдување со топлинска енергија ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје.

Откако ќе биде извршена евалуацијата на пристигнатите понуди, Комисијата ќе достави предлог до Владата, што ќе биде разгледан на една од наредните седници.

Прочитајте повеќе

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите подолго време преку јавни настапи, протести и генерален штрајк, што го започнаа денеска, бараат …