(ВИДЕО) „Вселенскиот брод“ на Реал Мадрид од половина милијарда евра

(ВИДЕО) „Вселенскиот брод“ на Реал Мадрид од половина милијарда евра

За модернизирање на стадионот „Сантијаго Бернабе“, мадридски Реал издвои 530 милиони евра, средства со кои после завршувањето на реконструкција ќе прерасне во дигитален стадион на иднината.

Исто како и сега, капацитетот на стадионот ќе биде 80.000 седишта, меѓутоа комфорот ќе биде издигнат на едно досега невидено ниво.

Подвижниот покрив кој ќе создава микро-клима, е само еден од новитетите. Најимпресивна иновација ќе биде подвижниот терен составен од 7 попречни плочи, секоја широка по 15 метри и висока помеѓу 23 и 25 центиметри. Плочите ќе можат да се извлекуваат, што ќе овозможи зачувување на тревата за фудбалските натпревари.

Истовремено, тоа ќе значи можност во исто време да се следат еден кошаркарски и еден тениски натпревар. Исто така, подвижниот покрив овозможува непречено одржување и на концерти, без опасност дека притоа ќе дојде до уништување на фудбалскиот терен.

Една од главните цели на реконструкцијата, е стадионот да биде максимално искористен во сите 7 денови од неделата.

Она коешто исто така треба да се нагласи, е дека во внатрешноста на стадионот ќе има шопинг центар со многу продавници и ресторани, како и хотел чии соби ќе имаат поглед на теренот.

Според очекувањата, комплетната реконструкција на „Сантијаго Бернабе“ ќе заврши следното лето, во 2023 година.

Прочитајте повеќе

Камшикот, од блиску дојде

Камшикот, од блиску дојде

Сумираната парола од вчерашните избори е „ви помина ли меракот?” Бидејќи, Македонија вчера гласаше „против“. …