Вил Смит Крис Рок

Вил Смит: Би сакал јавно да ти се извинам, Крис

Вил Смит во понеделникот преку Инстаграм јавно му се извини на Крис Рок за шлаканицата на церемонијата на „Оскарите“ откако филмската академија соопшти дека можеби ќе преземе мерки против Смит за инцидентот што го засени доделувањето на престижните награди во филмската уметност.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

Во објавата, Смит го нарече своето однесување „неприфатливо и неоправдано“.

Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравствената состојба на Џада беше премногу за да ја поднесам и реагирав емотивно. Би сакал јавно да ти се извинам, Крис. Бев надвор од линијата и згрешив. Засрамен сум и моите постапки не беа показател за човекот што сакам да бидам. Нема место за насилство во светот на љубовта и добрина“, напиша тој.

Смит во својот пост додаде дека „Насилството во сите форми е отровно и деструктивно“.

Тој во својата белешка вклучи и извинување до „Академијата, продуцентите на шоуто, сите присутни и сите што гледаат ширум светот“, како и семејството на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс и оние кои се вклучени во филмот за кој тој ја доби својата награда за најдобар актер во неделата.

„Длабоко жалам што моето однесување го извалка она што инаку беше прекрасно патување за сите нас“, напиша тој.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Дарја Ризова доби награда за најдобра актерка на меѓународен фестивал во БиХ

Македонската театарска актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка од публиката на деветтото …