КАМ

Вистиномер: Лажна Фејсбук страница на КАМ Маркет промовира лажна наградна игра

Вистинската страница на Фејсбук на КАМ има над 270 илјади лица што ја следат, наспроти лажната со над 5.000 луѓе. На официјалната Фејсбук страница има и линк до веб-сајтот на КАМ, адреси на маркетите со работно време, нема никаква наградна игра и никој никому не му бара лични податоци за наводна награда што ја добил, како што тоа се прави на лажната страница. Лажната Фејсбук група на КАМ е отворена неодамна, во неа се поставени линкови неповрзани со производите, нема адреса, има само 5 илјади луѓе што ја следат, и се бараат податоци од корисниците за наводни подароци што ги освоиле, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

На социјалната мрежа Фејсбук, во пресрет на новогодишните празници, осамна уште една лажна група која го злоупотребува името на компанијата КАМ. Во групата споделени се повеќе лажни постови, коишто промовираат наводна наградна игра за доделување на ваучери од маркетот, а условите за „учество” ги претвораат членови кои ѝ веруваат на оваа ФБ група, во лесна алатка за ширење на нејзините лаги на голем број корисници.

Во постот што го рецензираме, се тврди дека 100 луѓе ќе добијат ваучери за пазарење и други атрактивни награди од КАМ маркет доколку ја следат страницата, ја лајкнат објавата, коментираат ,,КАМ” и ако ја споделат објавата со нивните пријатели.

Дали сте подготвени да добиете ваучери за купување и други атрактивни награди од КАМ Маркет?
Да, за денес 100 среќници ќе добијат ваучери за пазарење и други атрактивни награди од КАМ Маркет,…
За да добиете,..
1. Следете ја нашата страница
2. Лајкнете ја нашата страница
3. Коментар: „КАМ“
4. Споделете ја нашата објава со вашата група
Победникот ќе добие порака од нас, се вели во објавата.

Во лажниот пост има и линк којшто, кога ќе се кликне, води до страница на која лажно се вели дека сте добиле 5 илјади евра, но за да ги подигнете мора да се „регистрирате”. Потоа линкот ве води до страница за видеоигра, од што произлегува дека единствената цел на оваа лажна објава е да донесе што поголем интернет сообраќај на страницата со лажната наградна игра.

Постот е исклучително вирален, споделен е над 2.800 пати, има повеќе од 1.800 допаѓања и голем број коментари. Во коментарите најголемиот дел од луѓето навистина мислат дека учествуваат во наградната игра, односно не се ни сомневаат во нејзината неверодостојност. Што говори за ниското ниво на способност да се препознаваат лажни наративи и измами на Фејсбук, што пак, претставува „јагма“ за голем број манипулатори.

Лажната Фејсбук страница е управувана од лице, кое, згора на сè, под секој коментар, остава линк до формуларот за регистрација и им вели на корисниците ,,дека добиле награда подарок, а за да го добијат треба да го пријават своето име”. Дури и фактот што името е очигледно од самиот коментар на оној што го оставил, сепак, тоа не претставува никаква пречка за корисниците да  веруваат и да продолжат да имаат интеракции со оваа лажна страница.

Вистинската страница на Фејсбук на КАМ може да се погледне на овој линк. Таа има над 270 илјади лица што ја следат, наспроти лажната со над 5.000 луѓе. На официјалната Фејсбук страница има и линк до веб- сајтот на КАМ, адреси на маркетите со работно време, нема никаква наградна игра и никој никому не му бара лични податоци за наводна награда што ја добил, како што тоа се прави на лажната страница.

Поради фактот што лажната Фејсбук група на КАМ е отворена неодамна, во неа се поставени линкови неповрзани со производите, нема адреса, има само 5 илјади луѓе што ја следат, и се бараат податоци од корисниците за наводни подароци што ги освоиле, оценуваме дека постот  е невистинит. Граѓаните би требало да проверуваат на социјалните мрежи дали со злоупотреба на нечие лого, некој сака да ги искористи лековерните корисници за свои цели, преку лажен маркетинг, како и преку измами, пишува „Вистиномер“.

Прочитајте повеќе

ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе ги соопшти имињата на министрите

ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе ги соопшти имињата на министрите

Мандатарот Христијан Мицкоски најави дека составот на новата влада ќе биде доставен во Собранието во …