Влада: Минималната плата ќе продолжи да расте, обвинувањата на КСС се неосновани

Влада: Минималната плата ќе продолжи да расте, обвинувањата на КСС се неосновани

Соопштение на Владата на РСМ

Главен приоритет на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за труд и социјална политика е заштита и унапредување на правата на работниците, но и на соодветен надомест за вложениот труд.

Токму затоа од 2017 година минималната плата е покачена за шест илјади денари и ќе продолжи да расте во согласност со Законот за минимална плата.

Неприфатливи се барањата на претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) Благоја Ралповски, Владата и Министерството за труд и социјална политика да постапуваат спротивно на Законот за минимална плата. Сметаме дека обвинувањата на КСС се несериозни и неосновани.

Институциите се должни да го почитуваат и доследно да го спроведуваат законот, затоа што само на тој начин граѓаните и работниците ќе бидат заштитени и нема да се соочуваат со неизвесност.

Со цел да овозможиме широк и сеопфатен дијалог, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика даваат можност на сите чинители да дадат свој придонес во дебатата за економско-социјалните прашања.

КСС, иако нема утврдена репрезентативност, е дел од дијалогот што се води на Економско социјалниот совет, но можноста за гласање ја имаат само репрезентативните претставници на работниците и на работодавачите.

За жал КСС, во услови кога во Економско-социјалниот совет сé уште не е затворено прашањето за покачување на минималната плата, ја манипулира јавноста и ја злоупотребува можноста што им е дадена да присуствуваат на тие состаноци.

Во однос на колективното преговарање, тоа е процес што се одвива помеѓу социјалните партнери потписници на колективниот договор. Владата на Република Северна Македонија секогаш дава поддршка и го охрабрува колективното договарање меѓу работодавачите и работниците, но нема законски ингеренции да влијае на тој процес.

Прочитајте повеќе

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Одлуката на надлежните следува откако родители реагираа на социјалните мрежи и негодуваа децата да бидат …