Влада: На 6 февруари започнуваат преговорите со стратешкиот партнер за инфраструктурниот Коридор 8

Владата денеска ги одржа 124-та и 125-та седница, при што донесе неколку заклучоци.

Меѓу другото, на предлог на Комитетот за преговори за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, Владата го задолжи преговачкиот тим за сите детали и услови на Договорот за градење за проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и за Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), да ги започне преговорите со стратешкот партнер на 6-ти февруари 2023 година. За исходот од преговорите е заклучено преговачкиот тим да состави Извештај, што ќе го достави на разгледување и одобрување до Комитетот за преговори, во рок од 21 ден од денот на завршување на преговорите.

Исто така, Владата ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од поднесување на ВБИФ апликација, за инвестициски грант, за изградбата на Експресен пат А2, делница Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал), како дел од Коридор 8. Изградбата на експресниот пат А2, делница Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал) се имплементра со заем од Светска банка, односно со „Проектот за надградба и развој на патиштата“.

Прочитајте повеќе

Ковачевски – Олчак: Филип Морис ги зголемува инвестициите во Тутунски комбинат Прилеп, пласман на македонското производство во странство

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Њујорк се сретна со …