Влада

Влада: Од утре забраната за движење ќе започнува од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22.30

Владата на Република Северна Македонија на денешната 68 седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.

Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Прочитајте повеќе

Јавниот превоз ќе се зајакне со 55 автобуси од приватниците, дел од нив сѐ уште се со странски таблички

Јавниот превоз ќе се зајакне со 55 автобуси од приватниците, дел од нив сѐ уште се со странски таблички

Педесет и пет нови автобуси од приватни превозници  од понеделник ќе влезат во автобускиот превоз …