влада

Влада: Одлука за прераспределба на средства од Буџетот, со цел зголемувања плати, пензии, социјална помош, набавка на лекови, поддршка на компании

Владата на Република Северна Македонија го разгледа и утврди Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година и ја разгледа и утврди Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Со донесените владини заклучоци се предлага прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите за 2023 година, поради што за спроведувањето на предложениот закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот, според образложението од предлагачот на точките, Министерството за финансии, не се потребни дополнителни финансиски средства.

Со прераспределбата на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите за 2023 година, се обезбедуваат средства за зголемување на платите за 10% од месец септември 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор; дополнителни средства за пораст на пензиите од месец септември 2023 година; се обезбедуваат средства за спроведување мерки за надминување на определени непредвидени состојби во стопанството, се обезбедуваат дополнителни средства за субвенции во областа на земјоделството и образованието; поддршка на домашни и странски компании преку обезбедување дополнителни средства за државна помош; се обезбедуваат дополнителни средства за исплата на правата од социјалното осигурување; набавка на лекови во областа на здравството и слично.

Законот, чие донесување се предлага, се заснова врз начелата за рационално, економично, ефикасно и ефективно трошење на средствата од корисниците на Буџетот и законитост и одговорност при користењето на средствата на Буџетот за извршување на утврдените обврски на Републиката.

По утврдувањето од страна на Владата на Република Северна Македонија, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија и предметната Предлог – одлука, ќе бидат доставени до Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Едни од најчестите индикатори на климатските промени се надминувањата на екстремните температурни вредности, а УХМР …