Владата денеска ќе ја одржи редовната 66 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 66 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На 66 седница која започнува во 12 часот, Владата според дневниот ред ќе ги разгледа Предлог-програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година и Програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа седница ја достави на разгледување и усвојување и Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година.

На предлог на Министерството за образование и наука, ќе биде разгледан и Предлогот за поведување на постапка за водење на преговори за склучување договор за заемно признавање на професионални квалификации на доктори по медицина, доктори по стоматологија и архитекти во контекст на договорот за слободна трговија на Централна Европа.

Пред министрите, на редовната седница ќе се најде за разгледување и Предлог-програмата за одржлив локален развој и децентрализација во Република Северна Македонија за период 2021-2026 година, предложена од Министерството за локална самоуправа.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …