Владата го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион 2020-2029 г.

Владата го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион 2020-2029 г.

На синоќешната четврта редовна седница, Владата го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 г.), со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.

Со тоа, Владата и практично покажа дека останува силно посветена на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион и статусот на УНЕСКО Светско наследство, кој го одликува регионот веќе 40 години.

Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдуваат идните специфични планови и истражувања, што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто.

Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитетното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.

Прочитајте повеќе

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Во Северна Македонија се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а околу 10.000 грла се угинати. Надлежните …