Владата го утврди текстот на Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградените објекти

Владата го утврди текстот на Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградените објекти

На денешната прес-конференција владините портпароли Душко Арсовски и Муамет Хоџа, истакнаа дека Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградените објекти со кој се предвидува можност за утврдување на правен статус на бесправните објекти изградени пред 1 јануари 2021 година.

Законот кој беше донесен низ широка и инклузивна јавна расправа, треба да биде усвоен во Собранието.

Во однос на прашањето дали ќе има дополнителни мерки за употреба на оружје и распрскувачки материјали, беше посочено дека Владата преку Министерството за внатрешни работи презема превентивни и репресивни мерки за справување со пиротехнички средства.

„Последните неколку дена според податоците се запленети над 30 илјади парчиња пиротехника и приведени се неколку лица. Паралелно Министерството продолжува со превентивни активности за да се спречи употребата на овие средства. Во оваа прилика портпаролите потсетија на Законот за прекршоци на јавниот ред и мир којшто во член 31 предвидува глоба од износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој што неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства и сличен експлозивен или лесно запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните“, информираа портпаролите.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …