Влада

Владата ја одржува редовната 107 седница

Денеска со почеток во 12.30 часот, Владата ќе ја одржи редовната 107 седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за финансии ќе биде разгледан Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, кој предвидува измени во насока на подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините.

На редовната седница, пред министрите за разгледување е превидена и Информацијата за спроведување на ИПА проектот „Набавка на ИТ и друга специфична опрема за информатички систем и мониторинг на животната средина“.

Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …