Владата ја одржува редовната 36 седница

Владата ја одржува редовната 36 седница

Владата денеска ја одржува редовната 36-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, меѓудругото, на денешната седница ќе се разгледува Информација за усвојување на План – Протокол за прифаќање, згрижување и сместување, како и регулирање на статусот на лица кои од Украина ќе допатуваат во Република Северна Македонија како последица на воените дејствија и лица кои се затекнале на територија на Република Северна Македонија од 24 февруари 2022 година, а кои заради безбедносна состојба не се во можност да се вратат во Украина.

За разгледување, предложена е и Информација за Преглед на статусот на имплементација на Глобалниот Компакт за Миграција (ГКМ) во Република Северна Македонија.

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, пред министрите ќе се најде и Информација за мерење на квалитетот на работата на институциите согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …