Владата ја усвои Концепцијата за основно образование

Владата ја усвои Концепцијата за основно образование

Владата на синоќешната седница ја усвои Концепцијата за основно образование за чија подготовка како што велат биле вклучени сите засегнати страни, меѓу кои експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации.

„Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование. Таа е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН“, велат од Владата.

Како што истакнуваат оттаму, посебно место во Концептот на основно образование има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови.

Пред усвојувањето на Концепцијата претходеше јавна дебата во Собранието каде се обратија министерката за образование и наука, Мила Царовска, премиерот Зоран Заев, бројни претставници на меѓународни организации и здруженија, наставници, професори, претставници од МАНУ, ЗЕЛС и останати стручни соработници.

Дел од јавноста бурно реагираше на најавата дека од идната учебна година ќе се случуваат крупни промени во основното образование. Најавата дека ќе се воведе концепт со кој повеќе предмети се интегрираат во еден предизвика многу различни толкувања и реакции.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …