Владата на РСМ денеска ќе ја одржи редовната 144-та седница

Владата на РСМ денеска ќе ја одржи редовната 144-та седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 144-та седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница ќе биде разгледан Извештајот за извршените преговори со усогласен текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија и Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерство за економија на Република Бугарија.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на оваа седница ќе биде разгледана Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, како и Информацијата за проширување на Програмата за наводнување на Република Северна Македонија преку обезбедување на дополнителни средства од развојниот заем на Владата на СР Германија и КФВ банката.

Секретаријатот за европски прашања за оваа седница на Владата на РСМ ја предлага точката Информација за потпишување на Спогодба за финансирање помеѓу Европската комисија и Владите на Република Северна Македонија и Република Косово за Акциската програма за преку–гранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово за 2018-2020 година.

На денешната седница, министрите во Владата ќе се запознаат со Информацијата за реализација на вон-наставните активности во училиштата поврзани со антикорупциска едукација на учениците.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …