Владата не е организатор на настанот во МНТ на кој имало недолично однесување

Владата не е организатор на настанот во МНТ на кој имало недолично однесување

Владата на Република Северна Македонија информира дека настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група, не е во организација на ниту една државна институција и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука, кој помина во најдобар можен ред и за кој јавноста беше во целост запознаена.

Владата го оценува несоодвеното однесување како злоупотреба на гостопримството во Македонскиот народен театар и истото најостро го осудува.

Очигледно е дека организаторот на овој настан, како и иницијаторот тој да биде одржан во МНТ, не го подготвиле и организирале настанот согласно стандардите и очекувањата за манифестации што се организираат во национални културни установи од највисоко значење.

Владата очекува организаторот и иницијатор на настанот да ја надомести направената штета во Националната установа Македонски народен театар и да се извини на граѓаните за несоодветното однесување.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …