Владата одобри средства од ковид програмите за туристичките агенции, ноќните клубови и за рестораните за свадби

Владата одобри средства од ковид програмите за туристичките агенции, ноќните клубови и за рестораните за свадби

На 93 седница, Владата ја усвои Информацијата за спроведениот Јавен повик за финансиска поддршка на Лиценцирани туристички агенции и донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година како дел од пакетите за справување со последиците од КОВИД-19.

Со оваа одлука се одобруваат средства во вкупен износ од 50.880.000,00 денари на 258 лиценцирани туристички агенции.

Владата донесе Одлука за финансиска поддршка на ноќни клубови, со која се одобруваат средства во вкупен износ од 8.324.480,00 денари на 17 ноќни клубови од програмите за поддршка на компаниите за справување со последиците од КОВИД-19.

Од програмите за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19, Владата ја донесе и одлуката за финансиска поддршка на рестораните за свадби, за кои за вкупно 107 правни субјекти се одобруваат средства во вкупен износ од 51.650.798,00 денари.

Прочитајте повеќе

ССМ повикува на првомајски протест за ниските плати, нечовечните услови за работа и доцнењето со исплата на платите

ССМ повикува на првомајски протест за ниските плати, нечовечните услови за работа и доцнењето со исплата на платите

ССМ го стави првомајскиот марш на страна, и ги повика сите на првомајски протест оваа …