Владата со уредба го овозможи електронското следење на заразените и тие што контактирале со нив

Владата со уредба го овозможи електронското следење на заразените и тие што контактирале со нив

Владата на вчерашната 37. седница овозможи електронски да се следат пациентите со корона вирус, како и лицата што биле во контакт со нив.

Истовремено, беше прифатена и понудата за апликација за таа намена, донација од приватна компанија. Станува збор за мобилната апликација StopKorona! и Владата го овластила министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за донација помеѓу „Некстсенс ДОО“ и министерството.

„Користењето на оваа мобилна апликација е на доброволна основа од страна на граѓаните на Република Северна Македонија“, соопшти владата вчеравечер.

На седницата беше донесена Уредба (која има еднаква сила како и закон) со која, заради рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на новиот корона вирус, односно утврдување дали некој бил во контакт со заразен со вирусот, како и за негово информирање за тоа, Министерството за здравство да може да користи интернет платформи, апликации и други форми на електронско услуги.

„…при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот…“, соопшти Владата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го …